Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и унгарската компанија на Груевски која се најде на црната листа на САД?, прашува Кузеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
slika-5

„Само една недела по посетата на Христијан Мицкоски на Унгарија, САД објавија дека неговиот шеф, Никола Груевски, е ставен на „црната листа“. Причините за оваа постапка од САД нашите граѓани многу добро ја знаат, тоа е вмешаност на Никола Груевски во корупција и криминал од невидени размери“, прашува Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Таа додава:

„Бројни судски предмети и принзанија на поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ тоа го потврдуваат, како Твдрина, Титаник...

— реклама —

Новина е можеби фирмата на Никола Груевски која треба да се утврди дали е поврзана со сомнителни финансирања по неговото бегство.

Се ова се случува во време кога Мицкоски оди во посета на Унгарија а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се уште во Собранието ги блокираат законите за Академијата за судии и обвинители.

— реклама —

Се противеа на Законот за јавно обвинителство, затоа го блокираа изборот на нов Јавен обвинител.

Нема појасен заклучок. Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето, тоа е истата криминална партија.

Очигледно оваа партија со бел дворец ама со црна листа, се уште вистински е управувана од Никола Груевски.

— реклама —

Оттука е молкот на Христијан Мицкоски.

Човекот кој не се извини ниту еднаш за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и неговите соработници, кој не побарал ниту еднаш одговорност од сите за кои има пресуди а се дел од неговата партија.

Граѓаните знаат дека во времето кога се правени сите овие криминали, Христијан Мицкоски бил советник на Никола Груевски (2015-2016) а потоа и секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да каже што знаел за матните зделки на Никола Груевски и зошто со години молчи?

Дали стравува дека и тој би можел да се најде на црната листа? Тоа треба да одговори самиот Мицкоски“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Македонија | пред 22 часа

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Земјоделците се на работ, трошоците растат 8,8%, цените 2,3%, Арамијата молчи

Македонија | пред 3 дена

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Мицкоски најавува дека струјата нема да поскапи, но не ја исклучува можноста за повисоки сметки од јануари

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања