Промени тема
Контакт

Каква стручност да раководи со Водовод има Пеце Милевски, вели Србиновски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot_2

Политичките промени на директорските места во јавните претпријатија се спротивни на тврдењата на градоначалникот Коњановски дека стручноста и менаџерските способности ќе бидат пресудни во водењето на локалната самоуправа, вели Дејан Србиновски, портпарол на ОО СДСМ Битола.

„Каква стручност да раководи со Водовод има Пеце Милевски? Битолчани за директор на едно од најважните претпријатија во градот добија човек кој до пред неколку години беше келнер (со сета почит кон сите што ја работат оваа работа).

— реклама —

Најважна референца за Милевски да стане директор е тоа што е претседател на ДПМНЕ Битола. Иако, и тоа е спорно. Низ архивите на СДСМ Битола неговото име фигурира како учесник на изборни конференции на млади социјалдемократи, а неговиот лик го паметат жители на Горно Оризари од времето кога шеташе од врата до врата, ширејќи ги социјалдемократските идеи.

Ништо подобар не е изборот и на другите директори во јавните претпријатија, со исклучок можеби на Гордана Наумовска која ќе директорува со Комуналец. Паркинзи се враќаат во рацете на Стентоно. Од фирма на Благој Стентоно доаѓа новиот директор Горан Степановски. Стентонград во најава!

— реклама —

Пазари, пак, ќе го води професорката Соња Карапашовска која најблиску до делокругот на работа на ова претпријатие беше кога продаваше колонијални производи во Градскиот пазар. Каде се новите лица на ДПМНЕ? Каде е новата иднина? Карапашовска и Милевски беа советници во времето на Владимир Талески. Тоа не се нови лица, уште помалку се стручни за раководење со јавни претпријатија во Битола. Нека ни е со среќа на сите!

— реклама —

Во оваа прилика, СДСМ Битола упатува јавна благодарност до сите директори на јавните претпријатија во Битола кои од политички мотивирани причини се сменети од раководните функции што ги извршуваа изминатите две, три, четири години. Горан Козаров во Водовод, Панде Богоевски во Комуналец, Зоран Дојчиновски во Паркинзи, Владе Атанасовски во Пазари...поставивте нови, високи стандарди на работење и однесување. Јавните претпријатија што ги раководевте ги консолидиравте финансиски, ги подновивте техничко-технолошки, ги нормализиравте меѓучовечките односи во претпријатијата и овозможивте подобри услуги за граѓаните. Водовод, Комуналец, Нискоградба, Пазари, Паркинзи никогаш не биле во подобра кондиција од сега и за тоа сте заслужни вие, вашите тимови и секако вработените кои успеавте да ги мотивирате и да ги насочите кон повисоки цели – јавното добро“, додава тој

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања