Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Какви барања има Мицкоски од кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mickoski-123r75

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат М, потенцираше дека идните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ нема да користат трошоци за репрезентација и службени автомобили за сопствени потреби.

— реклама —

– Јас не велам да немаат, само им велам да не ги користат. Ценам дека треба да постапат на истиот начин, законски не можете да им забраните да немаат репрезентација, на крајот на денот репрезентација не е само седење по кафана, парафирање ручеци или дивеење со условно кажано пријатели,репрезентација може да биде и нешто друго на пример да купите по еден цвет за 8 Mарт на колешките кои што се во општината, и тоа е репрезентација и тоа е додека се на некоја обука вработените да организирате некаков ручек и тоа е репрезентација. Јас зборувам да не се злоупотребува, тоа ми е суштинат – истакна Мицкоски.

— реклама —
— реклама —

Тој посочи дека службеното возило не треба да се користи за лични потреби, не треба да се злоупотребува.

— реклама —

– Е, сега ако има службени потреби се разбира од точка А до точка Б дека треба да го користи на крајот од денот од многу причини, побрзо да стигне итн. Но, едно е кога го користите службеното возило додека сте во служба, друго е кога го користите после служба. Мене тоа никогаш не ми се случило, ниту пак ќе ми се случи, и првата работ која што ќе ја побарам од нив е ова, немојте да користите репрезентација и немојте да го користите службеното возило надвор од службата. Значи мора да покажеме разлика – вели Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања