Кандидатот за градоначалник за општината Ѓорче Петров д-р Љупчо Јаневски во интервјуто за Вечер Пресс ја истакна потребата од вистински личности на чело од општините.
Созреано е времето кога треба да отпочнеме со поставување и кандидирање на професионалци кои ги разбираат потребите на жителите во општините и проблемите со кои се соочуваат. Да отпочнат реформи во подигање на капацитетите и професионалноста на човечките ресурси и нивна систематизација со цел подигајки ја ефикасноста и сервисот за кој граѓаните плаќаат преку даноците и другите услуги. Должни сме да создадеме иднина за младите и нивен професионален развој и длабоко сум убеден дека промените одлучно треба да започнат на локално ниво. Затоа сега е вистинското време со создавање на трајни вредности во општините преточени во
долгорочни развојни стратегии кои ќе преставуваат патоказ за сите кои ќе застанат на чело на општините и менаџираат . Градоначалниците се во сервис на жителите од општината, а не обратно и таа перцепција мораме да ја измениме.
Во нашаат општина имаме повеќе од педесет доктори по науки, повеќе од стотина магистри, истакнати интелектуалци, експерти, спортисти и други кој ги повикувам заедно да изградиме општина со која ќе се гордееме. Ѓорче во кое ќе сакаат да се доселуваат не дека квадратот е ефтин туку затоа што нуди услови како повеќе европски општини со среден лик и се на дофат. Ѓорче во кое скопјани ќе посетат туристички локации, ќеуживаат во зеленилото, пиењето кафе, уметноста и муралите по зградите. Општина која ќе сакате да подзастанете кога ќе влегувате во градот а не како сега да имате чувство дека градот почнува од Порта Влае.
Се ова треба да го направиме заедно и секој да се истакне во своето поле а општината да биде отворена за ѓорчевци кои со своите предлози преку стручните совети и советниците ќе креираат политики за развој на Моето,Твоето и Нашето Ѓорче.. Јас верувам во Ѓорчепетровци и духот на победници кој треба да го разбудиме повторно во нас и во недела да излеземе масовно на гласање бидеки „КАКВО ЃОРЧЕ ЌЕ СОЗДАДЕМА ВО ТАКВО ЃОРЧЕ ЌЕ ЖИВЕЕМЕ“!