Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста, особено во североисточните делови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 12 до 18 степени.
Во Скопје, сончево со мала, а попладне умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.