Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне во западните и северните делови ќе има повремени врнежи од дожд.
Максималните дневни температури ќе достоогнат во Скопје до 14 Целзиусови степени, Маврово 11, Охрди 13, Битола 16, Крива Паланка и Берово 14, Кавадарци 17, Дојран 19.
И утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Дневнкте температури ќе се движат од 7 до 20 степени.