Промени тема
Контакт

Калаc: Не можам да замислам создавање „европска армија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
w_55031023

Високата претставничка за надворешна политика на Европската унија, Каја Калаc, изјави денеска дека не може да замисли дека земјите членки на ЕУ ќе создадат посебна армија, на што неодамна повика европскиот комесар за одбрана, Андриус Кубилиус.

— реклама —

„Секоја европска земја има армија, а армиите на 23 земји се исто така дел од структурата на НАТО, така што не можам да замислам дека земјите ќе формираат посебна 'европска армија'. Значи, тоа мора да бидат армиите кои веќе постојат, па мораме да видиме како тоа функционира во практика“, изјави Калаc за новинарите во Брисел, пред состанокот на министрите за надворешни работи, пренесува Ројтерс.

— реклама —

Комесарот на ЕУ за одбрана, Андриус Кубилиус, на почетокот на јануари изјави дека ЕУ треба да размисли за воспоставување постојана армија од 100.000 војници и за темелна реформа на политичките процеси кои ја управуваат одбраната.

— реклама —

„Разбирливо е дека во армијата мора да постои многу јасна команда, така што кога ќе се случи нешто, ќе биде јасно кој кому издава наредби. Ако создадеме паралелни структури, тоа само ќе ја замати сликата“, додаде Калаc.

Порано оваа недела, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли повиците на некои водечки европски политичари за формирање одделна европска армија, поради зголемените тензии околу Гренланд и интересот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi01o3q1nagvlfMtI52x

Европските престолнини се подготвуваат за можен голем хибриден напад со жртви

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-library02i35qhog8thag61W4q

ЕУ воведува построги правила за враќање на мигрантите, можни и центри надвор од Унијата

Свет | пред 3 дена

kuferi-odmor

Нова промена за авионските патници во ЕУ: до 7 килограми дополнителен рачен багаж без доплата

Свет | пред 1 седмица

media-library02i35qhog8thag61W4q

ЕУ разгледува итни мерки за масовен прилив на мигранти

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања