Професорот Гордан Калајџиев на социјалните мрежи објави дека ја добил првата казна за брзо возење од системот „Сејф сити“. Тој повика да се прилагодат семафорите за новата сообраќајна реалност.
„За брзина од 44 км на час ја добив првата казна од “Сејф сити”! Во некоја друга држава веројатно ќе добиев опомена. Секое возење стрес. А некој да ги прилагодеше семафорите на новата реалност?! Низ град веќе не се поминува без пола саат“, вели Гордан Калајџиев.