Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Калеска Ванчева: Не може да напредуваме, ако нема еднаквост меѓу мажите и жените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
19-04-2021-Kaleska-Vanceva

Пратеничката на СДСМ и претседателка на Форумот на жени на партијата Снежана Калеска Ванчева во дебатната емисија 24 анализа на ТВ 24 посветена на улогата на жените во политиката, истакна дека години на ред во СДСМ се прават вистински чекори во оваа насока, но за жал можеби работите не се менуваат со посакуваната брзина.

СДСМ го почна тој процес, направи статутарни реформи, формално правно и суштински преку кодексот и преку насоки влијаеше и влијае на менувањето, СДСМ предводи во она што значи реформи на она што значи едно општество за сите, се уште не сме ја постигнале целта, но ние почнавме од нашите редови во нашата партија, а за жал тоа не го видовме во другите партии, рече Калеска Ванчева.

— реклама —

Таа потсети дека додека не беа воведени квоти во изборниот законик парламентот беше костум -вратоврска и тук - таму понекоја жена, но со квотите почна разноликоста, а со тоа нашето општество не изгуби.

— реклама —

Таа лекција треба да ја научиме и треба да ја примениме како општество, и кога ќе имаме да имаме општ политички консензус дека ова општество не може да има вистински напредок, додека не овозможиме вистинска еднаквост меѓу мажите и жените, нагласи Калеска Ванчева.

— реклама —

Во врска со евентуалните напади врз жените во текот на претстојната кампања, Калеска Ванчева нагласи дека Форумот на жени на СДСМ и СДСМ даваат вистински одговор на било каков обид за насилство и насилство што ќе се случува и не само во текот на кампањата, а особено внимание ќе се обрне во текот на кампањата, но и понатаму.

Ние имаме нов кодекс на однесување и дисциплинска одговорност за прекршување, правила во самата партија и силно ќе се залагам за максимална имплементација секогаш кога ќе дојде до нешто вакво рече Калеска Ванчева, додавајќи дека жените на истурени политички функции треба да ги охрабруваат жените да пријавуваат насилство, бидејќи често, таквиот тип на насилство на родова основа не се пријавува.

Таа истакна дека ратификацијата на Истанбулската конвенција, како клуч на сите работи, за сузбивање на насилството се случи 2018 година, преземени се сериозни обврски, донесена е стратегија, измени во законите, по процедура е измена на Кривичниот законот, во кој ќе се додаде кривично дело демнење, во процедура ќе влезе законот за родова еднаквост, кој е битен поради родово буџетирање, потоа политиките во образованието, балансирање на професионален и приватен живот.

Овие четири години се направи голем исчекор, но уште долг пат не чека, порача пратеничката на СДСМ и претседателка на Форумот на жени на партијата Снежана Калеска Ванчева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања