Калеска -Ванчева: Со четвртиот пакет мерки 5.726 самохрани родители добиваат платежни картички

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
19-10-2020-Kaleska-Vanceva

Владата предводена од СДСМ континуирано им помага на граѓаните и стопанството да се справат со негативните последици од коронакризата. Со ребалансот на Буџетот за 2020 година, се обезбедуваат 470 милиони евра за реализација на мерките од четвртиот пакет за помош и поддршка, истакна Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на жени на СДСМ и пратеничка.

— реклама —

283.000 граѓани ќе добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари. Вкупната поддршка за оваа мерка изнесува 27,6 милиони евра.

— реклама —

Домашни платежни картички ќе добијат 5.726 самохрани родители, како поддршка во справувањето со последиците од економската криза.

— реклама —

Тоа ќе значи зајакнување на семејните буџети на над 5.700 семејства и поттикнување на приватната потрошувачка.

Овој сет економски мерки има за цел да им помогне на што повеќе граѓани и на што повеќе домашни компании во надминувањето на негативните економски последици.

Затоа е важно сите пратеници да дадат поддршка на измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година, ребалансот да биде усвоен и 283.000 граѓани да добијат домашни платежни картички.

СДСМ како одговорна партија, преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи продолжува со вистинска грижа за сите. Работиме уште повеќе посветено за интересите на граѓаните, за да биде уште подобро за сите, истакна Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на жени на СДСМ и пратеничка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања