Камчев по стапките на Милајков: Кој што даде за да добие слобода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Kamcev-Mijalkov

Бизнисменот Јордан Камчев, по стапките на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.

— реклама —

-На исти начин и скоро исти средства, двајцата добија слобода наместо затворски ќелии. Разликата е само во деновите, односно Мијалков излезе пред Нова година, а Камчев пред Божиќ. Двајцата гарантираат со готовински средства, но и со многу недвижнини. Ако се спореди вредноста, разликата е 110.048 евра. Односно, вредноста на гаранцијата на Мијалков е 11.106.501 евра, а вредноста на гаранцијата од Камчев е 10.996.453 евра.

— реклама —

Ако Мијалков гарантира со деловни објекти, плацови, бензински пумпи и депоа, но и со делови од хотелски комплекси, непознато е кој имот на Камчев е под хипотека. За Мијалков гарантираа неговиот син Јордан преку семејните фирми и Алек Ивановски-Теранова.

— реклама —

За Камчев, не е познато кој дал гаранции со имот под хипотека. Интересно е што Обвинителството досега веќе тврдеше дека има докази од кои се гледа дека целиот имот на Камчев, како и фирмите кои се во Македонија, во последните години ги има ставено под хипотеки за кредити од повеќе банки во Македонија, заедно со фирмите каде сопственик е неговата мајка Ратка Камчева, тој извршен директор.

Апелација во јавност не ја образложи одлуката за ослободување на Камчев. До сега не се откри ниту Кривичниот совет кој одлучувал. Познато е само дека утре ќе се запише хипотеката на имотот, по што Камчев ќе биде слободен веќе за Божиќ. Бизнисменот помина десетина месеци во затвор, каде тврдеше дека му е правена тортура, но и од каде тврдеше дека му е влошено здравјето.

Мијалков беше ослободен за „Трезор“, а потоа Кривичен му одреди притвор за „Плацови на Водно“. Неколку дена потоа, Апелација го ослободи и за овој предмет. Камчев лежеше во затворот во „Шутка“ поради истиот судски случај. Сега, тој е слободен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања