Кандидатот на Левица за Градоначалник на Скопје Перо Камиказа се предомисли. На социјалните мрежи oобјави дека ќе гласал за кандидатката Данела Арсовска.
-Под "притисок" на ДПМНЕ, сепак решив мојот глас да го дадам за Данела. Но, победник на овие изборни има само еден. ЈАС!, напиша тој.
Реакцијата на Камиказа следи по изјавата дадена во тв дебата каде на новинарско прашање за кого би гласал на изборите доколку не би можел за себе, рече дека својот глас ќе го даде за Шилегов.