ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кампања на Mozzart  „Повеќе од гол” – Филип Кузмановски ја намени донацијата за Детската клиника во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
SLIKA-10-CF

Лидерот во приредување игри на среќа, не престанува со реализација на добри дела и се повеќе ја зацврстува лидерската позиција во хуманост.

— реклама —

Една од поголемите хуманитарни акции кои ги организира и реализира Mozzart е кампањата „Повеќе од гол” каде компанијата овојпат донираше по 5000 денари за секој погодок на македонската ракометна репрезентација на СП 2025.

— реклама —

Годинава нашите ракометари постигнаа вкупно 181 погодок, со што собрани беа 905.000 денари.

Амбасадор на кампањата е капитенот на македонската репрезентација Филип Кузмановски кој одлучи средствата да бидат донирани во Детската клиника во Скопје, односно во Одделот за цистична фиброза.

„Среќен сум што имав можност да бидам дел од оваа кампања чија главна цел е хуманост. Без размислување одлучив средствата да бидат донирани на детската клиника, во Одделот за цистична фиброза. Се надевам дека оваа донација ќе им биде од големо значење”, изјави Филип Кузмановски.

Најголемото задоволство и благодарност дојде од директорот и вработените во Одделот за цистична фиброза.

„ Благодарност до македонските ракометари, компанијата Mozzart и капитенот Филип Кузмановски за средствата кои ќе ги донираат на Одделот за цистична фиброза, со што ќе добиеме соба за физикална терапија. Се надеваме дека и во иднина со вакви донации ќе продолжат да ги топлат нашите срца” , изјави Доц. д-р Валентина Цвејоска Чолаковска, Раководител на Одделот за цистична фиброза.

Традиционалната кампањата „Повеќе од гол” ќе овозможи Одделот за цистична фиброза на Детската клиника во Скопје да добие целосно нова и опремена просторија за физикална терапија.

„ Со задоволство помагаме на докторите и пациентите. Нивната искрена среќа и благодарност нема цена. Токму затоа продолжуваме да чекориме по истиот пат и во иднина. Хуманоста била и ќе остане заштитен знак на Mozzart” , изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Кампањата „Повеќе од гол” се реализира трета година по ред. Благодарение на оваа хуманитарна акција, Mozzart до сега помогна за лекување на малолетно дете, реконструиран беше дневниот центар за деца со посебни потреби во Крушево, а годинава Одделот за цистична фиброза ќе ја добие долгопосакуваната просторија за физикална терапија. Реализацијата на хуманитарни акции продолжува и натаму.

(пр)

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryicikl4ejqk8r0rMNR9Y

Бронза за Македонија на Светскиот куп „King of Taekwon-do“ во Солун

Спорт | пред 1 месец

media-library2ifusclsdgrd7rOLJfI

(Видео) Македонскиот бoрец неприкосновен: седми триумф на Славески во БКФЦ, технички нокаут за 94 секунди

Настани | пред 1 месец

Davkova

„Навредите не се навивање“ – Силјановска Давкова со остар став за говорот на омраза на спортските терени

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-04-08-at-20.16.40

Суперџудо блесна на Државното првенство со седум медали!

Спорт | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања