„Кампањата од 300 илјади евра за вакцинација против корона е само уште еден доказ дека Филипче и Заев се махери да крадат“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-mickovski-hristijan32

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес конференцијата на Ненад Коциќ од СДСМ:

— реклама —

„Кампањата од 300 илјади евра за вакцинација против корона е само уште еден доказ дека Филипче и Заев се махери да крадат. СДСМ и неговите предводници како Зоран Заев и Венко Филипче како да живеат во друг свет. Откако се појави корона пандемијата пред скоро две години тие не направија ништо ниту за пациентите, ниту за лекарите, нити за здравствениот систем воопшто.

— реклама —

Единствено нешто што направија е бројката на починати да се движи кон шест илјади. Сега по повеќе од девет месеци откако е стартувана вакцинацијата, тие нудат кампањи демек да ги потттикнеле граѓаните да се вакцинираат. Нека погледнат во соседството и одма ќе видат како се прави тоа. Но, нив не ги интересира тоа, нив ги интересираат провизиите, парите кои ги ставаат во џеб. Оваа нивна кампања чини 300 илјади евра, демек кампања на Заев и Филипче против корона. Тие наместо лек против корона, на народот му нудат реклами. Ова е само уште еден доказ дека Заев и Филипче се махери за провизии, собирање пари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања