Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Каналите се исчистени, постојат можности од поплави, вели Стојанче Ангелов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
stojance-cuk

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов на денешната прес – конференција информира дека вчера имале состанок со сите надлежни, и ја разгледале состојбата со одводните канали.

-Заклучокот е дека најголем дел од примарните канали се исчистени, останува мал дел од нив да бидат исчистени. Секундарните канали, добар дел од нив се во добра кондиција и се исчистени, но се работи на нивно понтамошно чистење. Додека локалните канали, кои поминуваат низ населени места, состојбата некаде е многу лоша и не би можеле да ја прифатат надојдената вода доколку дојде до пообилни врнежи, рече Ангелов. Апелира надлежните институции да продолжат со ваквото чистење и во следниот период за, како што рече, да не бидеме изненадени од евентуални обилни врнежи.

— реклама —

Ангелов предупреди дека постои можност од поплави, кои не би биле од големи размери, но може да биде поплавено земјоделско земјиште, можат да бидат поплавени и куќи покрај одредени реки

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања