„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Канческа Милевска: Гласав по мое лично убедување за промена на Уставот, немав притисок од ВМРО и СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kanceska-milevska

Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, во интервју за Канал 5 тврди дека не преговарала со власта за да гласа за уставните измени во Собранието за промена на името, а за возврат да добие некакви привилегии за судскиот случај „Тендери“ што се води против неа.

— реклама —

Таа тврди дека интересите на државата и биле на прво место и дека од сегашна дистанца можело да се заклучи дека воопшто немало никакви преговори за случајот што се води против нејзе, со оглед на тоа што се уште траел и таа редовно се појавувала во суд.

„Лично по мое сопствено убедување и сметав дека конечно треба сите да се издигнеме над партиските ставови кога станува збор, пред сè, за интересите на државата и кога се одлучува за стратешките приоритети на државата. Поуките коишто можеме да ги извлечеме се тие, верувам дека и ВМРО-ДПМНЕ како партија може да извлече поука, а тоа е дека за суштински прашања кои се од најголем итерес за државата треба да бидеме вклучени во дебата“, истакна  Канческа-Милевска.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања