Кандидат во Свети Николе мета на потсмев, откако најави парк со слика од „Гугл“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
244438598_440270590858521_7164836316758237786_n

Кнадидатот за градоначалник на Свети Николе, Сашо Велковски од СДСМ на својот фејсбук профил објавил фотографија како би изгледал паркот кој тој планира да го изгради во општината.

— реклама —

"Изградба на нов модерен градски парк! Почитувани сограѓани развојот продолжува Ги имаме најдобрите проекти за нашата општина. За нашето Свети Николе. Изминатите 4 години се работеше вредно и напорно, со силна поддршка од централната власт. Таа силна динамика мора да продолжи. Никој не смее да ги кочи проектите на општините Бидејќи од проектите зависи квалитетот на животот на нашиот народ Каква ни е општината, таков ни е животот Најдобрите проекти носат развој, а развојот носи подобар живот. Во Свети Николе ќе обезбедиме и развој и подобар живот со изградбата на новиот градски парк! Потегот на Новиот градски парк во изминатиот период го изгуби своето значење како парк во вистинска смисла на зборот. Затоа е потребно негово уредување со нови спортски содржини и поставување на урбана опрема. Изградба на нови пешачки патеки, трим патека, фитнес зона, мултифункционално спортско игралиште, поставување на урбана опрема и осветлување со цел добивање на нов лик и намена на просторот. Во исто време предвидено е истиот простор да биде збогатен со нови садници на дрва и хортикултурно среден. Истиот ќе биде наменет за сите категории на граѓани со што конечно овој дел од Свети Николе да биде вистинско место за уживање и рекреација. На истиот потег се наоѓа и црквата 'Свети Лидија' и можноста за привлекување на туристи кои ќе уживаат во овој дел од градот кој ќе биде значаен за нас", стои во описот на фотографијата“, напиша тој.

— реклама —

— реклама —

Но на социјалните мрежи веднаш го провалија, па испадна фотографијата е преземена од парк кој треба да се изгради во Холандија.

"- Пиши таму и дека градски парк ќе направам!

- Ама шефе немаме никаков план за тоа, што ќе ставиме...

- Деее, напиши на google - park green trees lovely и првата фотка што ќе ти излезе стави ја како да е наша. И лого не заборавај.

- Во ред, шефе, еве една гледам, фино личи парков...", е еден од коментарите на социјалните мрежи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања