Промени тема
Контакт

Кандидати кои ВМРО-ДПМНЕ треба да ги потврди за градоначалници низ скопските општини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
w_56211861

Орце Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ ќе му биде противкандидат на Филип Темелковски од СДСМ за Кисела Вода, а Дејан Митевски ќе застане зад партиските бои на ВМРО-ДПМНЕ за Аеродром. Професорката Наташа Котлар се споменува за кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, а од СДСМ се уште не е кажано со кој кандидат ќе ја бараат довербата.

— реклама —

Дефинирани се две имиња за Ѓорче Петров. Експратеникот Александар Стојкоски е можен кандидат. Како носител на листата за советници се споменува името на Ленче Нелоска, која има извршувано и високи партиски функции.

— реклама —
— реклама —

Како што веќе објавивме, во Град Скопје, како кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ се споменува Даниела Арсовска. Таа е актуелна претседателка на Сојузот на стопански комори, а на функцијата е назначена од 2014 година. Во трката, нејзин противкандидат ќе биде Петре Шилегов, потврден од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања