„Кандидати за Центар сфативме дека сте урбани, ама би било фино да видите што не мачи нас жителите“, Ина ги сподели проблемите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
DSC_0661

Драги кандидати за градоначалници за Центар! Супер ви се кампањите, ок сфативме, сите сте урбани, сакате спорт, здрав живот и зборите со граѓаните и сите не сакате, ок. Туку би било фино да обрнете внимание на работите што секој ден не мачат нас жителите со конкретни решенија. Имаме чудни нови градби во општината кои влагаат во приватен имот, ќе ги заштитите ли жителите или ќе се приклоните кон инвеститорите?

— реклама —

Имаме чудна градба, без пристап, карши влада, оноа грозноно за чиј пристап сакаат да одземаат имот од жители на Центар, притоа е пуштена во функција, појма неам како (ова дополнително ќе ескалира, ќе игра антикорупциска овде минимум). Имаме проблем со паркинг. Голем проблем со паркинг. Имаме проблем со ПОЦ, кај одредени жители со една кола, а право на користење на места во два реони (1 кола 2 места) во Центар доплаќаат како за втора кола која не постои. Жителите во Центар се осеќаат ко никој да не ги есапи нивните потреби и проблеми.

— реклама —

Воедно ќе треба вашите инспектори освен на очен преглед за да ги видат неправилностите, да ги праќате и на ушно, за да може да ја чујат галамата од одредени дискотеки и клубови која е над дозволеното и сите ја слушаат само они не. Дали ќе продолжите со привилегии кон одредени угостители и стопанственици чии муштерии може да се паркираат на улица и да фаќаат цела лента, а жителите на Центар нека се приклучуваат непрегледно на улица, кој ги ебе, нека се стискаат во една лента и тие од таму и тие од ваму, па сега ако се деси беља тоа е, и така сите ќе умреме еден ден. Жалнички сме и малку лутички. Ок малце повеќе сме лути.

— реклама —

Општината за некого е мајка за некого е втора братучетка на вујна на комшиката на стрината. Тоа сакав да ве прашам, планирате и вие да не не есапите или нешто од нешто ќе напраите за жителите, а тоа да не е само ветување.

Статус на Ина многуфина

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања