Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кандидатите за Аеродром се собраа во кабинетот кај Марин да си ветат дека ќе има фер кампања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Петтемина кандидати за градоначалник на Општина Аеродром денеска потпишаа кодекс за фер и демократски избори во пресрет на локалните избори и непосредно пред стартот на изборната кампања.

— реклама —

Со својот потпис, Александар Филиповски (СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“), Тимчо Муцунски (ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“), Весна Кираџиева (Политичка партија Левица), Миле Петковски (Трајно македонско радикално обединување - ТМРО) и Билјана Аврамоска-Ѓореска (Движење „Одлучно за промени“– коалиција) како учесници во изборниот процес се обврзаа да го почитуваат законот и да водат фер натпревар и еднаквост во кампањата.

Претседателот на Општинската изборна комисија – Аеродром, Горан Мојаноски изрази уверување дека ќе имаме фер и демократски изборен процес и изборна кампања во претстојниот период и дека ќе бидеме пример за сите општини како се спроведуваат изборите.

— реклама —

По потпишувањето на кодексот кандидатите испија заедничко кафе со актуелниот градоначалник на Општина Аеродром, Златко Марин, кој им посака успех на претстојните избори во фер и демократска кампања, во која ќе се почитуваат принципите на демократијата.

„Денеска испив заедничко кафе со кандидатите за градоначалник на Општина Аеродром, кои го потпишаа кодексот за фер и демократски локални избори. Само на ваков начин се придонесува во градењето на довербата во изборниот систем и во демократскиот развој на општеството“, изјави градоначалникот Марин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања