Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кандидатите за Карпош си се почастија пијачка, откако си ветија дека нема да се навредуваат во кампања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
8

Денес во Кинотека на Македонија кандидатите за градоначалници на Општина Карпош, Душко Весковски – СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Васко Костов – МАКЕДОНСКА ЕРА ТРЕТА, Дарко Ристовски – Левица, Христа Најдов – Движење ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ и Стевчо Јакимовски – ГРОМ го потпишаа кодексот за фер и демократски избори.

— реклама —

Кандидатот за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ, Оливер Зафировски, кој од оправдани и неодложни причини не беше во можност да присуствува на потпишувањето, целосно го поддржува овој кодекс и се обврзува на почитување на обврските кои произлегуваат од истиот.

Со потпишување на овој кодекс, кандидатите за градоначалници на Општина Карпош се обврзуваат за спроведување на фер и демократски избори, со почитување на принципите на демократијата и доброто владееење за демократски развој на општеството.

— реклама —

„Со потпишување на овој кодекс за спроведување на фер и демократски избори, заедно со кандидатите за градоначалници од другите партии, се обврзавме за одржување на кампањи и локални избори со почитување на сите закони, правила и прописи релевантни за изборите, без притисоци и без говор на омраза, во позитивна атмосфера“ – изјави Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје и кандидат за градоначалник на Општина Карпош од СДСМ и коалицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања