Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Даниела Арсовска се сретна со претставник на Алијанса за Албанците. Со оглед дека неофицијално, таа ќе биде поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, тоа значи дека ќе ја добие и поддршката на албанската опозиција која влезе во коалиција со оваа партија.
„Конструктивна средба со Арбен Таравари генералниот секретар на Алијанса за Албанците, доктор и актуелен градоначалник на Гостивар и Беким Сали, кандидат за градоначалник на општина Чаир од Алтернатива. Разговараме за идеите и решенијата за Скопје за новата програма за градот. Заедно заклучивме дека се неопходни квалитетни и ефикасни решенија за Скопје и скопјани“, напиша Арсовска.