Промени тема
Контакт

Кандидатката која раскажуваше за Ататурк, наместо за Истанбулската конвенција, ја повлече кандидатурата за член на Антидискриминаторската комисија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryd94b5eta2gf42a8AOyt

Џихан Ахмед ја повлече својата кандидатура за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, откако нејзиното сослушување во Собранието предизвика бурни реакции во јавноста и остри критики од граѓанскиот сектор.

— реклама —

Иако се претстави како магистер по меѓународно право и настапи со намера да ја образложи својата мотивација и компетентност во областа на човековите права, Ахмед за време на расправата не успеа да покаже основно познавање на Истанбулската конвенција – клучен меѓународен документ за заштита на жените од родово-базирано насилство и дискриминација.

— реклама —

На директни прашања од претставници на граѓанските организации за суштината, механизмите и обврските што произлегуваат од Конвенцијата, таа не даде конкретни правни одговори, туку говореше за Истанбул како град и за историскиот период на Мустафа Кемал Ататурк, што беше оценето како несоодветно и алармантно за кандидат за ваква позиција.

По настапот, Мрежата за заштита од дискриминација јавно реагираше, потсетувајќи дека законските услови за членство во Комисијата се прецизно утврдени. Согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, кандидатите мора да имаат најмалку седум години работно искуство во областа на човековите права, од кои минимум пет години директно поврзани со еднаквост и недискриминација.

— реклама —

Според анализата на јавно достапната биографија на Ахмед, таа не ги исполнува овие услови. Нејзиното професионално искуство е поврзано со ангажмани во приватниот сектор, универзитетска настава и работа како професор во средно образование, со фокус на корпоративна безбедност, што, според критичарите, не претставува релевантна квалификација за членство во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Повлекувањето на кандидатурата доаѓа по силниот притисок од јавноста и експертската заедница, кои оценија дека ваквиот избор сериозно би ја нарушил довербата во институцијата задолжена за заштита на еднаквоста и човековите права.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2usa516otu319IXcNE8

Пратениците изгласаа измени на законите за јавниот сектор, платите, високите раководители и шумите

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
Sobranie-zgrada

Три собраниски комисии денеска на седници, на дневен ред и антикорупциската стратегија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryirl9r7delq378vRnwTb

Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси

Македонија | пред 2 седмици

Sobranie-zgrada

Собранието домаќин на регионална конференција за парламентарниот надзор на патот кон ЕУ

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања