Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Канје Вест се спогоди со поранешната асистентка која го тужеше за сексуално вознемирување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Свет
kanje-vest

Американскиот рапер и музички продуцент Канје Вест и неговата поранешна лична асистентка Лорен Пишота постигнале судска спогодба во случајот што таа го покрена против него поради наводно сексуално вознемирување.

Според судските документи доставени до судот во Лос Анџелес, спогодбата била постигната на 23 јули, а барањето за повлекување на тужбата треба да биде поднесено во рок од 45 дена. Во документите се наведува дека договорот е „безусловен“.

— реклама —

Пишота го тужеше Вест во 2024 година, тврдејќи дека била отпуштена откако тој ѝ испраќал сексуално експлицитни пораки и видеоснимки.

Во тужбата таа наведе и дека раперот се самозадоволувал во нејзино присуство за време на престој во хотел, по што продолжил да ѝ испраќа вулгарни пораки и видеа.

— реклама —

Дополнително, Пишота тврдеше дека Вест ја принудувал да консумира наркотични супстанции за време на сесија во музичко студио.

— реклама —

Засега не се објавени деталите од постигнатата спогодба, ниту дали некоја од страните признала одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kanje-vest

Канје Вест постави рекорд во Истанбул: Над 118.000 луѓе на концертот

Магазин | пред 1 месец

kanje-vest

Канје Вест заврши на суд: Го разлути судијата со дремење во судницата

Магазин | пред 4 месеци

kanje-vest

Канје Вест се врати на Твитер

Магазин | пред 3 години

kim-1-1024x682-1

(ФОТО) Канје ги спореди Ким Кардашијан и кралицата Елизабета, па им испрати порака на Британците: „Знам како се чувствувате“

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања