Каракамишева до Османи: Сакате во Македонија да важи нешто што не важи за ниту едно малцинство во светот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Tanja-Karakamiseva

Вицепремиерот Бујар Османи изјави дека според негово мислење нема смисла Законот за јазиците да се испрати на оценка во Венецијанската комисија, додека претставник на Македонија таму е професорката Тања Каракамишева. На тоа професорката реагираше преку ствојот Фејсбук профил и му порача дека правилата на употреба на малцинските јазици во државите мора да бидат во согласност со меѓународните и европските документи за правото и опсегот на употреба на истите во државите.

— реклама —

Му благодарам на заменик претседателот на Владата, Бујар Османи што си го покажа своето вистинско лице нарекувајќи ме "деструктивен елемент за кој ќе гледале со коалиционите партнери како да биде повлечен од Венецијанската комисија".

Тој "деструктивен елемент" кој Вие сакате да го тргнете од Комисијата е професор по Уставно право и политички систем кој нема да можете да го повлечете до 2020 година додека му трае мандатот во Комисијата.

— реклама —

Правилата на употреба на малцинските јазици во државите, г-дине Османи, не зависат од професор Каракамишева, ниту пак зависат од Вас, за целата среќа. Тие правила мора да бидат во согласност со меѓународните и европските документи за правото и опсегот на употреба на истите во државите.

Тоа што Вие, г-дине Бујар сакате во Македонија да важи нешто што не важи за ниту едно малцинство во светот е проблем на Вашата партија, но не и на правната наука и експертската анализа.

Како доктор по медицина, Вие Бујар очигледно немате поим за стандардите и правилата поврзани со употребата на малцинските јазици во светот.

Токму затоа Вие немате никакво право да зборувате за правните правила, а уште помалку имате право да се мешате во работата на Комисијата и хипотетички да претпоставувате кој врз кого може да има влијание при донесувањето на одлуките.

Г-дине Бујар, Венецијанската комисија не е вашето гранапче во Мала Речица каде што со Вашите финти и игри си ги создавате политичките добивки.

Венецијанската комисија е сериозно експертско тело кое на темелен и аргументиран начин ги проценува и анализира правните акти.

Вашиот коментар дека Комисијата ќе биде под влијание на моите "субјективни ставови" ја покажува вашата елементарна некултура и непознавање како функционираат институциите со кои за жал вие имате секојдневен контакт!

И да, за ваквиот Ваш срамен јавен коментар ќе бидат информирани претседателот, генералниот секретар и сите членови на Венецијанската комисија за да се разуверат во Вашиот демократски капацитет“, стои во објавата на Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања