Промени тема
Контакт

Караница меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Скоро три минимални плати добива Славевски за да биде десна рака на Данела Арсовска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
trajko-slaveski

„Додека Владата предводена од СДСМ работи на изнаоѓање решение за зголемување на минималната плата во согласност со сите засегнати страни, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се противи на растот на платите“, вели Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Таа додава:

„Трајко Славевски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот во Град Скопје е најгласниот противник на зголемувањето на минималната плата.

Ако претходно Славески велеше дека поголема минимална плата ќе значела крах за домашната економија, тој сега вели дека барањето за зголемување на минималната плата било нереално и неоправдано.

— реклама —

Славевски како претседател на Советот во Град Скопје добива месечен надоместок од околу 35.000 денари.

Скоро три минимални плати добива Славевски за да биде десна рака на Данела Арсовска да дејствува против граѓаните, против работниците.

Неоправдано и нереално, а пред се срамно е однесувањето на Славевски кој со месечни примања од илјадници евра се противи на зголемување на минималната плата за работнците и тоа во време на енергетска и економска криза.

— реклама —

За разлика од партијата на Славески, ВМРО-ДПМНЕ, која со години ја држеше минималната плата замрзната, СДСМ за неполни пет години ја зголеми минималната плата за над 6.000 денари и ќе продолжи да ја зголемува.

Заедно со синдикатите, со работодавачите, ќе се најде договор и минималната плата оваа година повторно ќе биде зголемена, без разлика колку и да се противи ВМРО-ДПМНЕ“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања