Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

КАРИЛ се подготвува за реновирање – пациентите ќе се упатуваат на други клиники

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-02-21-at-13.29.30

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари денеска ја посети УК за ТОАРИЛУЦ и оствари средба со директорката д-р Марија Срцева Јовановски по повод подготвителните активности, кои се во завршна фаза за отпочнување на темелна реконструкција на просториите на КАРИЛ, која се реализира за првпат.

„Заради внимателно и безбедно пристапување кон реконструкција на КАРИЛ, информираме дека оваа установа во наредниот период ќе функционира со намален капацитет, за што се известени сите јавни здравствени установи во државата. Дел од пациентите ќе преземат ГОБ „8 Септември“, Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за неврохирургија, согласно изготвениот интерклинички план, во соработка со Министерството за здравство.

— реклама —

Согласно планот, овие јавни здравствени установи ќе преземат точно утврден број пациенти, со заеднички договор со јавните здравствени установи. Оваа капитална инвестиција е од национален интерес и првпат од основањето на клинички центар се пристапува кон темелна реконструкција на КАРИЛ“, вели Министерството за здравство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot_6

КАРИЛ за ракометарот: Имаше оток кој може да биде од различни причини

Македонија | пред 4 години

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања