Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

КАРИЛ за ракометарот: Имаше оток кој може да биде од различни причини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot_6

Клиниката за ТОАРИЛУЦ-КАРИЛ денеска ги осуди, како што наведуваат, сите шпекулации во јавноста во изминатиот ден поврзани со транспарентноста за трагичната смрт на младиот ракометар и преку соопштение дава факти за случајот:

— реклама —

-Остро ги осудуваме сите шпекулации во однос на транспареноста на овој трагичен настан. Од самиот прием ја истакнавме тежината на состојбата во која пациентот е примен и сите обиди за реанимација.

— реклама —

Се надеваме дека надележни институции ќе го расветлат случајот во брзо време. До семејството уште еднаш изразуваме длабоко сочувство за нивната загуба, наведуваат од Клиниката.

— реклама —

Пациентот, се појаснува во соопштението, беше примен рано утрото на 7 април во Ургентниот центар во Скопје без срцева акција и знаци за живот, и без видливи повреди. Дежурните лекари со колегите од КАРИЛ веднаш на прием пристапиле кон срцева и белодробна реанимација. По половина час е воспоставена срцева акција. И покрај критичноста на ситуацијата, веднаш е направена компјутерска томографија на целото тело. При самиот прием на пациентот, повикани се сите екипи, од Неврохирургија, од Абдоменална хиругија, Торакална и од Трауматологија за да се изјаснат по однос на наодот од компјутерската томографија.

Глобалниот оток на мозокот што е констатиран на томографијата, наведуваат понатаму во соопштението, може да биде од повеќе различни причини, а една од нив е недостатокот на кислород во мозокот и враќањето во живот кое траело половина час. Времетраењето на враќањето на пациентот во живот е потврдено од колегите од Неврохиругија кои биле присутни во текот на целиот период на лекување на пациентот.

-Пациентот кој по приемот и реанимацијата е префрлен на КАРИЛ, почина на 8 април во пладневните часови после 24 часа борба за живот и неколку дополнитени реанимации. Телото без видливи надворешни знаци на насилство и поради нејаснотии за причината за смртта беше предадено на Институтот за судска медицина за да се направи обдукција и да се расветли причината зошто настанал прекин на работата на срцето и што е точно причината за глобалниот едем на мозокот и смртта.

Од самиот прием во Ургентниот центар, МВР е известено за состојбата на пациенот. Во текот на вчерашниот ден целокупната документација беше предадена на Јавното обвинителство. Денес медицинската документација е на увид и на ДСЗИ, стои во соопштението на Клиниката за ТОАРИЛУЦ -КАРИЛ.

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека хрватски ракометар Денис Тот, кој почина завчера, бил претепан и дека во врска со случајот се приведени две лица, а едно е во бегство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-02-21-at-13.29.30

КАРИЛ се подготвува за реновирање – пациентите ќе се упатуваат на други клиники

Свет | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања