Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Карлеуша и Шерифовиќ бесплатно ќе пеат за дочекот на Нова Година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Jelena-KArleusa-foto-RAjko-Ristic-019

Пејачките Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ ќе пејат бесплатно за дочекот на 2022 година. Тие ќе настапат пред Собранието во Белград со нивната колешка Сара Јовановиќ

— реклама —

Карлеуше откри дека ќе пее без хонорар, а најави дека тоа ќе биде спектакл и најдобар настап во нејзината кариера.

— реклама —

„Голема чест е да се пее пред Собранието на мојот град. Апсурдно е да се наплати нешто што треба да биде гордост за секој уметник и изведувач. Нека биде ова симболичен подарок и повик да ни тргне на подобро по две години стагнација поради короната и на мојата бранша и на целата оваа индустрија, на овој град и на целата земја. Да просто ова не се наплаќа туку да се работи од срце“, рече Карлеуша.

— реклама —

„Нема да земам хонорар, но, градот ќе се потруди во техничка смисла да го добијам она што го сакам, да можам да изведам концерт кој ќе изгледа како концерт на Тајмс сквер во Њујорк. Мислам дека со право треба да очекувате нешто најдобро во мојата кариера. Речиси 30 години го работам ова и никој до сега не ме повикал и не ме уважил, како што тоа го направи Горан Весиќ. Јас како белграѓанка ќе можам да пејам пред мојот град“, рече Карлеуша, која по настапот пред Собранието, ќе продолжи да пее во еден клуб во Белград.

Карлеуша им одговори и на новинарите дали ќе се бацат со Марија Шерифовиќ, исто како што тоа го направија Бритни Спирс и мадона.

„Не знам кој ќе биде од нас Бритни, а која Мадона. Марија и јас сигурно ќе се избациме, заедно со Сара и со сите кои ќе бидат на сцената. Тоа треба да биде трик прашање, но, за мене е сосема нормално да се бакнам со Марија“, рече Карлеуша.

Јелена рече дека на концертот ќе бидат и нејзините ќерки Атина и Ника, како и нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања