Карлеуша по смртта на српската инфлуенсерка: Сите имаат крвави раце

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
jelena-karleusa-13-830x0-1

Српската инфлуенсерка Кристина Кика Ѓукиќ се самоуби вчеравечер, а по тој повод Јелена Карлеуша се огласи на социјалните мрежи.

— реклама —

- За страшната вест дека позната домашна јутјуберка се самоубила поради сајбер злоупотреба, а имала само 21 година, имам да го кажам следново: Прво, изразувам најискрено сочувство до семејството. Не можам ни да ја замислам болката на семејството, мајката, во овој момент.

— реклама —

Второ, како човек кој со години е на удар на медиумите, и психопати од социјалните мрежи, имам целосно право да кажам дека сите имаат крвави раце! Сите сме виновни како општество! Тоа што сум силна и што од мали нозе научив да ме навредуваат и напаѓаат, не значи дека сите се силни и не значи дека треба да се навикнат, како да е нормално! Не е нормално да те навредуваат илјадници и илјадници идиоти без имиња и ликови, на кои никогаш не сте им направиле зло, ниту сте стапнале во сенка! Не е нормално секој садистички да ужива читајќи и гледајќи го осакатувањето на жртвата! Болно е! Како општество, станавме извртена група психопати кои ги забавува туѓото страдање!

— реклама —

Во 2019 година, кога претрпев страшен медиумски линч и кога голите делови од моето тело беа на сите насловни страници со месеци, активно размислував за најлошото. Косата ми падна од стресот. Но, јас бев силна поради моите деца и мајка и денес сум жива! Да имав 20 години како оваа девојка, резултатот веројатно ќе беше поинаков!

ДАЛИ ДА СЕ ПЛАШИМЕ ОД ЖИВОТОТ НА НАШИТЕ ДЕЦА ??? Сега треба сите да реагираме и да побараме ЗАКОН со кој тие што малтретираат други преку социјалните мрежи ќе ги осудува на затворски казни. ЈАВНО! Мора да им се застане на патот на психопатите! Дневно блокирам по 1000 профили кои на мене и на моите деца им посакуваат смрт, зло, болест, само затоа што сум јавна личност, не треба да е НОРМАЛНО. Ј

ас сум силна, но девојчињата и момчињата НЕ СЕ СИЛНИ. Младите станаа сурови, особено децата. Но силни и сурови само под превезот на лажни профили на социјалните мрежи! Затоа, доколку насилникот е малолетник, родителите кои го воспитале детето на тој начин мора да сносат последици и тоа сериозни! Па да видиме! Кога за прв пат некој ЈАВНО ќе биде пронајден, законски казнет, таквите како него двапати ќе размислат дали се исплати да се биде сајбер психопат. На психопатите местото им е во затвор или институции за лекување на ментални болести. БАРАМ ЈАСЕН ЗАКОН! - заврши пејачката.– напиша меѓу другото Јелена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања