Новинарката Ксенија Вучиќ денеска беше погребана на новите гробишта во Белград.
На погребот присуствуваат голем број на пријатели, роднини и колеги за да им изразат сочувство на нејзините деца Милица и Данило, како и на претседателот на Србија Александар Вучиќ.
На погребот се појави и пејачката Јелена Карлеуша со својот пријател и соработник Зоран, а зад црните очила таа имаше насолзени очи.
-Ксенија Вучиќ беше жена која многу ми помогна во животот. Од ситници до ситници... Затоа што, на мое жалење, јас сум постојано на мета, а нејзе и пречеа човечко и женско. Ако ви кажам дека ми помогна со погребот на мајка ми, тогаш сум ви кажала се. Таа беше личноста што ја повикав за помош. Од толку многу мажи, јас ја имав нејзе. Многу сум тажна поради нејзината смрт. Ќе откријам и една вистина за неа за која мислам дека нема да ми замери. До последниот ден беше заљубена во бившиот маж и зборуваше само за него и децата. Почивај во мир драга Ксенија. Секој кој те познаваше, сега е многу тажен, напиша Јелена Карлеуша на социјалните мрежи.