ВО ЖИВО: Предновогодишна од фирма
Gkm-R5hydbU

Карпош уште го нема поништено решението за 17-катницата кај Воена болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
voena

Конзерваторското мислење со кое се дозволуваше изградба на 17-катница кај Воена болница стана обичен лист хартија, бидејќи како што најави министерката за култура, Бисер Костадиноска-Стојческа, истото е поништено оти е незаконски издадено, спротивно на правилниците. Истовремено, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, сега треба да ја поништи и дадената градежна дозвола. Поништеното мислење стигнало во Општината, но став досега, дали и кога ќе им се одобрение дозволата за градење на инвеститорите - нема.

— реклама —

На локацијата и натаму има градежни машини кои работат и го подготвуваат теренот за изградба. Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски во средината на јануари ја потпиша градежната дозвола за изградба на спорната 17-катница среде болничкиот комплекс на Воена болница во Скопје. Инвеститорот на градбата „ЗСФ Ком“ веќе го огради градилиштето и на терен почнуваат градежни работи за изградба на зградата.

Парцелата на која треба да се гради зградата се наоѓа непосредно до болницата „8 Септември“ која има статус на споменик на архитектноско наследство од времето на брутализмот и е заштитен објект како културно наследство. За добивање на градежна дозвола, според Законот за заштита на културно наследство, проектот мора да биде одобрен од Конзерваторскиот центар. Истиот центар, по едно негативно, даде позитивно мислење – кое сега треба да се укине.

— реклама —

 

17-katnica-voena

Незаконско е конзерваторското мислење за 17-катница кај Воена болница - треба веднаш да се поништи, а без него нема зграда

Незаконски било издадено конзерваторското мислење кое овозможи изградба на 17-катница за 2.000 жители кај Воена болница, констатирала работната група во Министерството за култура. Според министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, побарано е негово итно поништување. Немаше конкретен одговор дали ова ќе значи и итно стопирање на градбата и рече дека другите институции, меѓу кои е Општина Карпош, ќе треба да постапат.„Извештајот го добивме, и во тој извештај стои дека издаденото конзерваторско мислење не е според правилникот за заштита на културното наследство, го вративме во првостепено одлучување и очекуваме да биде поништено уште денеска“, рече Костадиновска-Стојчевска.Со ова се потврдија наводите на невладините организации о активистите кои рекоа дека конзерваторското мислење е незаконско и го опишаа како мафијашко.„Повикана е инспекција да отиде во Конзерваторскиот центар и да извршат надзор во однос на Законот за културно наследство. Тие инспектори, не излегуваа на терен од непознати причини, дури вчера беа во Конзерваторски центар-Скопје. Што донеле како мислење – не знам. Тоа што беше во наш домен, ние се обративме до Конзерваторскиот центар и очекувам денес како првостепен орган, кој го издал, да го поништи“, додаде министерката.Според нејзе, и другите институции треба да преземат чекори по поништувањето на мислењето.Парцелата на која треба да се гради зградата се наоѓа непосредно до болницата „8 Септември“ која има статус на споменик на архитектноско наследство од времето на брутализмот и е заштитен објект како културно наследство. За добивање на градежна дозвола, според Законот за заштита на културно наследство, проектот мора да биде одобрен од Конзерваторскиот центар. Истиот центар, по едно негативно, даде позитивно мислење – кое сега треба да се укине.Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски во средината на јануари ја потпиша градежната дозвола за изградба на спорната 17-катница среде болничкиот комплекс на Воена болница во Скопје. Инвеститорот на градбата „ЗСФ Ком“ веќе го огради градилиштето и на терен почнуваат градежни работи за изградба на зградата.

Скопје | пред 1 година

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања