Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Карпошани можат да пријават проблем и преку „Е-Општина - Пријави проблем“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Општина Карпош ги потсетува своите сограѓани дека, покрај двонасочните канали кои активно се користат за комуникација, (официјалните facebook профили на општината и градоначалникот), карпошани можат да пријават проблем и преку електронската платформа „Е-Општина – Пријави проблем“, која функционира во рамки на општинската веб страна www.karpos.gov.mk.

— реклама —

-На овој начин, системот овозможува во секое време од денот, (седум дена во неделата), да се прибираат пријави за комунални проблеми, кои понатаму општинските служби ќе се обидат да ги решат во најкраток рок, или ќе ги информираат граѓаните во која фаза на решавање е конкретниот проблем – велат од локалната самоуправа.

Во рамки на апликацијата, потребно е да се посочи личната e-mail адреса, да се наведе точната адреса каде што е лоциран проблемот и да се опише за каков вид на проблем се работи.

— реклама —

При тоа, граѓаните можат да пријават дефект на улично осветлување, оштетување на инфраструктурата, објекти кај кои постои опасност да се урнат, оштетување на урбана опрема, почеток на изградба на нов објект, доградба или надградба на постоечки објект, проблеми од областа на животната средина, (загадување на почвата, водата и воздухот), прекумерна бучава, несовесно одлагање на комунален и друг вид на отпад, како и уништување и узурпација на јавно зеленило.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања