Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Карпош собра 3.5 тони стара облека и текстилен отпад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryrr6svfva9i504nN0iOP

Околу три и пол тони стара облека и текстилен отпад досега се собрани преку специјалните контејнери поставени на повеќе локации во Општина Карпош.

— реклама —

Инспекциските служби на Општина Карпош одржаа работна средба со колективниот постапувач „Еко Текс – Груп“ од Скопје, на која беше разгледана досегашната реализација на активностите за собирање текстилен отпад, согласно договорот склучен во мај 2025 година.

Контејнери за текстилен отпад се поставени во сите десет основни училишта на територијата на општината, во десетте градинки, како и пред административната зграда на Општина Карпош.

— реклама —

Досега на овие собирни места се собрани околу 3.500 килограми стара облека и текстилен отпад, што од Општината го оценуваат како значаен резултат и показател за зголемената свест кај граѓаните за правилното управување со отпадот.

— реклама —

Поради успешноста на акцијата, Општина Карпош и „Еко Текс – Груп“ ќе ја продолжат соработката и во наредниот период.

Од Општина Карпош ги повикуваат граѓаните стариот текстил да го одлагаат исклучиво во поставените контејнери, со што, како што посочуваат, заеднички се придонесува за почиста животна средина и поодговорно управување со отпадот.

Селектирајте. Одложувајте одговорно. Да ја чуваме животната средина заедно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya39mmgetbsbb3sOFTgD

Жители на Карпош самоиницијативно сееа детелина на место каде имаше паднато дрво од невремето

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryg40gkrkagj6qbH3etti

Базенот во Карпош предаден на Националната пливачка федерација

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryl40ullnok8uedRGqflf

Карпош добива нов мега парк од 86.000 квадратни метри, поранешната депонија е исчистена

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryucb532pau795f3jDTOg

Есенска дератизација во Карпош

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања