Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Касами ќе оценува кој ќе си оди од Владата, иако Мицкоски му кажа дека тој одлучува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library2qbm5n2qmbm0aMKfCwj

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, изјави дека партијата ќе направи оценка на работата на сите свои функционери во извршната власт и врз основа на тоа ќе донесе одлука дали ќе остане зад актуелните министри, меѓу кои и министерот за труд и социјална политика, Фатмир Лимани.

— реклама —

„Свесни сме дека премиерот е мандатар и тој одлучува кој ќе биде министер, но додека станува збор за политичка влада во која учествува Беса како дел од коалицијата Влен, Беса одлучува кој министер ќе биде предложен од нејзина страна како дел од идната Влада“, рече Касами.

— реклама —

Тој најави дека од сите функционери ќе биде побаран извештај за сработеното во изминатиот период, по што раководството на партијата ќе оцени дали е задоволно од нивниот ангажман. „Ќе се донесе одлука дали ќе бидеме задоволни од работата на Лимани и другите функционери“, изјави Касами.

Претходно, премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања во врска со најавите за можно разрешување на Лимани, изјави дека е задоволен од неговата работа и дека нема информации за негова смена.

— реклама —

„Мислам дека тој е додадена вредност во Министерството за социјални работи. Јас сум носител на мандатот и јас ја формирам Владата“, изјави Мицкоски.

Премиерот додаде дека доколку некој заборавил кој го има мандатот за состав на Владата, тој потсетува дека таа одговорност е негова, алудирајќи на политичките пораки што доаѓаат од коалициските партнери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата го усвои Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
benzinska-benzin-nafta-

Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот до 12 октомври

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 месец

media-library752h05roicf34cJytLV

Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања