Катарина Радивојевиќ за тепачката на Бјелогрлиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
68124_katarina-radivojevic-dragan-bjelogrlic-bosko-karanovic_f

Актерката Катарина Радивојевиќ првпат јавно прозборе за инцидентот што се случи летово во Ниш, кога Драган Бјелогрлиќ физички го нападна режисерот Предраг Антонијевиќ, а таа присуствуваше на настанот. По инцидентот, Антонијевиќ изјави дека Катарина дополнително поттикнувала насилство оти наместо да ги смирува, таа викала: „И јас би го убила него“. Но, актерката сега за српските медиуми демантира дека кажала такво нешто.

— реклама —

„Во медиумите ме нападна поранешен пријател, во моментот кога имав голема премиера со филмот ‘Нечиста крв’. Ваква филмска улога немам играно 12 години. Нападна невина жена, незаштитена. Со денови трпев медиумско малтретирање, а навечер, скршена од сè, излегував да ѝ оддадам почит на публиката во кино што доаѓаше на премиерите. Не сакам да бидам патетична, но невистините болат како живи рани“, рече актерката која поради судскиот процес што трае во моментов, не открива детали за инцидентот.

— реклама —

„Судењето е во тек и адвокатот ми советуваше да не зборувам во детали што се случило. Мојата единствена грешка е што се најдов таму во време на тепачката“, рекла Катарина.

— реклама —

Популарната актерка во изјава за „Ало“ кажа и за нејзиниот деловен и личен однос со Предраг Антонијевиќ.

„Тој многу добро знае зошто не сум веќе во ‘Убијците на мојот татко’, исто како целиот тим со кој соработував. Тој знае и зошто се случи инцидентот во Ниш, но тоа не беше поради мене и моето поттикнување. Го познавам и го почитувам семејството на Антонијевиќ. Неговата покојна сестра Кетрин ни беше долгогодишна пријателка мене и на мојата сестра. И тој ми беше пријател, барем јас тогаш мислев. Поради сето ова, никогаш не би ги изговорил невистините што тој ми ги припишуваше. Тоа не е мој речник. На крајот на краиштата, на видеото јасно се гледаат моите обиди да ги разделам“, вели таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања