Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Катастрофалните поплави во Кичево се поради долгогодишна негреижа и отсуство на превенција, вели Сајкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryq0iftrmm7pdueAWsgxF

Кичево денес се соочи со сериозни поплави по обилните врнежи од дожд, при што излевањето на речното корито предизвика материјална штета и ги загрози домовите, инфраструктурата и безбедноста на граѓаните. Според Сајковски, состојбата е резултат на, како што наведува, долгогодишна негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од претходното раководство.

— реклама —

Тој истакна дека, за разлика од минатото, денес институциите покажале одговорност и подготвеност. Актуелниот градоначалник на Кичево, д-р Александар Јовановски, заедно со екипите на комуналната и противпожарната служба, како и со поддршка од општествено одговорни компании, веднаш излегле на терен и активно се вклучиле во санирање на последиците.

Со координирана работа, во краток рок било спречено понатамошно ширење на штетите и започнало расчистување на погодените подрачја. Сајковски оценува дека оваа акција претставува показател оти со, како што наведува, волја, одговорност и лидерство, можат да се надминат и најсериозните предизвици.

— реклама —

Тој посочи дека, и покрај тешката состојба, постои надеж за постепена нормализација на секојдневието на граѓаните и дека градот ќе излезе посилен од ова искушение.

Службите остануваат на терен и во текот на ноќта, со приоритет на безбедноста на граѓаните и заштитата на нивните домови, а состојбата се следи континуирано.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

02

Кичевец фатен при предавање кокаин, поднесена кривична пријава

Македонија | пред 1 ден

media-libraryoj3eosl9l6kcelO07AK

Општина Кичево: Поплавите се последица на неодговорно фрлање шут во речното корито

Македонија | пред 1 седмица

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Водата во Кичево е повторно безбедна за пиење

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryms1oiedj0j4mdX7D9Lc

Јовановски повикува граѓаните да ги пријават штетите од поплавите во Кичево

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања