Извори од СЈО за КОД велат дека најмалку два пати Бојан Јовановски ја посетил Катица Јанева во нејзината канцеларија во СЈО.
Снимките предадени во обвинителството за организиран криминал потврдуваат дека во разговорите меѓу рекетираниот –Камчев и изнудувачот Јовановски има и трето лице во некои разговори, специјалната обвинителка Катица Јанева . Тоа за екслузивно за КОД го потврди обвинителката Русковска, објави telma.com.mk
КОД: Дали на тие снимки се гледа како осомничените го прават тоа (изнуда) или ја повикуваат Катица Јанева?
Рускоска: Па се гледа, а и се слуша.
КОД: Ја повикуваат Катица Јанева, се слуша такво на снимките? Дека и се јавуваат, да потврди нешто?
Рускоска: Видете, не можам да зборувам за детали од доказите со кои располагаме. Се слуша разговор со јавен обвинител.
КОД: Пуштен на интерфон?
Рускоска: Да.
Текстот во целост на: telma.com.mk
Истражувањето за случајот Рекет утре на КОД на Телма