„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Католиците го слават Раѓањето Христово – Божиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
katolici-bozik

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божиќ. Традиционално, во Македонија централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божикна полноќна света литургија.

— реклама —

Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов, честитајќи им го празникот Божиќ на католичките верници на литургијата ја прочита божикната порака.

– Божиќ е. Никогаш не е доцна да се вратиме и обратиме кон божикното таинство. Кој е условот да си го погледнеме срцето и во него да ги исчистиме сите нечисти мисли на оваа хедонистичка цивилизација и да се обидеме барем да се покаеме за својата себичност, комотност, менталитет, уживање. Тоа покајание нека ни ја отвори вратата на срцето за да можеме со чисто око да го дочекаме секое новороденче на кое Бог му дарува живот. Да го направиме своето срце и оваа ноќ такво и како пастирите да бидеме, не затоа да ги празнуваме со своето богатство, туку со својата едноставност да ги прифатиме малите и сиромашните, бидејќи не знаеме кај кого вечерва ќе тропнат на врата Јосиф и Марија носејќи го Исуса.

— реклама —

Отворете ги ширум вратите Христос слободно да влезе во нашиот живот, во нашата историја. Честитајќи ви го празникот Рождество Христово, токму тоа го посакувам. Ја посакувам едноставноста на пастирите, верата на светото семејство, да го прифатиме Христос Спасителот и ширум да ги отвориме своите срца кон проблемите на денешнината во кои малите молат и имаат право на живот. Најголемиот Божиќен дар што ни го обзнани Светиот отец папа Франциск е дека на 7 мај следната година ни доаѓа во пасторална посета на нашата татковина. Молејќи пред новородениот цар посакувам оваа посета да ни донесе неизмерен мир и благослов. Среќен Божик. Мир Божји, Христос се роди, истакна бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов.

На литургијата присуствуваа и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, претседателот на Владата, Зоран Заев, со сопругите, вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерите за економски прашања и за европски прашања, Кочо Анѓушев и Бујар Османи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претставници на дипломатскиот кор, политички партии, верски заедници…

Божиќ денеска слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква, кои го прифатија Грегоријанскиот календар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања