Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Казна за Сојузот на стопански комори на Македонија поради давање на лажни и нецелосни податоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
market-pari

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата во поведена прекршочна постапка донесе решение за изрекување на прекршочна санкција за Сојузот на стопански комори на Македонија заради давање на неточни, нецелосни податоци и податоци кои можат да ја доведат во заблуда Комисијата за одлучување по прекршок.

— реклама —

„Комисијата по допрен глас поведе постапка против Сојузот на стопански комори и против четири големи ланци на маркети заради постоење на сомневање за картелско здружување што е строго забрането согласно член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата. Во текот на постапката иако претходно опоменати од страна на овластените лица од Комисијата за заштита на конкуренција дека давањето на неточни и нецелосни податоци е казниво согласно член 61 став (1) точка 10) од Законот за заштита на конкуренцијата, извршниот директор и потпретседателот на Комората свесно давале неточни податоци за улогата на Комората и нејзините овластени лица во организацијата на склучувањето на забранет договор (картел) помеѓу четирите големи ланци на маркети.

— реклама —

При контрола на службената комуникација на овластените лица во Комората од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата јасно е утврдено дека истите имале активна улога во процесот на договарање и свесно давале неточни и нецелосни податоци заради избегнување на одговорноста за картелско здружување.

— реклама —

Имајќи ги предвид тежината на прекршокот и последиците предизвикани од прекршокот, КОП износот на глобата го утврдува во висина од 0.8747%, од приходите на ССКМ остварени во 2024 година“, велат од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Foto-23.03.2022

Сојузот на стопански комори се вклучува во регионална иницијатива за справување со климатските промени

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања