СВР Тетово поднесе 60 кривични пријави против 60 сторители од подрачјето на СВР Тетово, поради постоење основано сомнение за сторени 60 кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”. Во период од 03.08. до 08.09.2021 пријавените не биле затекнати во својот дом при извршена проверка од полициски службеници, со што постапиле спротивно на решенијата издадени од страна на Министерството за здравство.
Казни за 60 тетовчани кои наместо да бидат во изолација шетале низ градот
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 4 години -
Македонија