Професорот Јове Кекеновски изрази поддршка за адвокатот Тони Менкиноски, откако бугарските власти му изрекоа забрана за влез во Бугарија во траење од десет години.
Кекеновски оцени дека ваквата одлука отвора сериозни и загрижувачки прашања, особено ако таа е поврзана со професионалната активност на Менкиноски како правен застапник на граѓани пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
„Дали една држава членка на Европската Унија може да му забрани влез на адвокат поради неговата работа како правен застапник на граѓани пред Европскиот суд за човекови права? И дали ваквата мерка претставува обид за притисок и замолчување на адвокат кој ги брани човековите права?“, прашува Кекеновски.
Бугарија му забрани влез на адвокатот Тони Менкиноски во наредните 10 години
Адвокатот Тони Менкиноски информираше дека официјалните власти во Софија му изрекле забрана за влез во Република Бугарија во траење од 10 години, оценувајќи ја одлуката како скандалозна и како директен притисок врз неговата адвокатска работа.Менкиноски најави прес-конференција на која ќе ги соопшти деталите за одлуката и околностите под кои е донесена.Според него, забраната претставува обид за замолчување поради неговата улога како правен застапник на Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.На прес-конференцијата, како што најави, ќе бидат презентирани можните причини за ваквата одлука, како и последиците што таа може да ги има врз правото на адвокатите слободно да се движат и да ги застапуваат своите клиенти.
Македонија | пред 16 часа
Според него, доколку забраната е поврзана со неговата професионална дејност, тоа претставува опасен преседан и директен удар врз принципите на владеење на правото.
Кекеновски предупредува дека ваквите постапки можат да имаат сериозни последици, меѓу кои заплашување на адвокати кои работат на случаи поврзани со човековите права, ограничување на нивната слобода да ги застапуваат своите клиенти и отежнат пристап на граѓаните до меѓународна правда.
Тој поставува и дополнително прашање дали самата забрана би можела да стане предмет пред Европскиот суд за човекови права.
„Ова не е само прашање на еден адвокат. Ова е прашање што ја засега државата, правото на нејзините граѓани да бараат правда пред меѓународните институции, но и адвокатската професија и улогата на Адвокатската комора во заштитата на независноста и слободата на застапување“, наведува Кекеновски.
Тој додава дека европските вредности не смеат да останат само декларација и дека адвокатите не смеат да бидат казнувани затоа што ги бранат правата на граѓаните.