„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кичеец може да биде истовремено и осуденик и притвореник, вели адвокатот Давидовиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kiceec-2

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ во изјава за Канал 5 вели дека Зоран Милевски Кичеец може да биде истовремено и осуденик и притвореник, по сообраќајната несреќе која ја предизвика додека бил на отсуство со медицинска документација.

— реклама —

Зоран Милевски Кичеец од попладнево е префрлен во затворот во Шуто Оризари откако Основниот суд во Гостивар му одреди 30 дневен притвор. Тој е осомничен дека ја предизвикал сообраќајната несреќа близу Стража во која загина 34 годишен гостиварец.

Зоран Милески Кичеец имал одобрен прекин на издржувањето на затворската казна во рок од 30 дена, период кој нема да му се засметува во издржаната казна, соопштија вчера од Управата за извршување на санкции.

— реклама —

Оретходно беше осуден за случајот „Рекет“ па јавноста беше во дилема како е можно за него Обвинителството од Гостивар да бара притвор кога веќе издржува затворска казна.

- Казната се прекинува, се додека трае притворот, различни се статусите на затворено и притворено лице. На второто се внимава да не влијае на сведоци и да не избега. Додека пак како осудено лице има привилегии, што во првиот случај ги нема, изјави Давидовиќ за Телма.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања