Рестрикции на уличното осветлување во Кичево. Граѓаните се пожалија дека во градот е црна темница, а градоначалникот Фатмир Дехари за ТВ21 признава дека почнале со гасење на уличното светло поради светската криза со снабдување со електрична енергија. Вели дека јавното осветлување во Кичево почнува во 17:30 и трае до 23 во селата, а во градот до полноќ. Но, на снимките на ТВ21, како што пишуваат и по 17:30 има населби и села кои се без осветлување.
„Во споредба со претходната година, во декември јавното осветлување беше трипати поскапо и се очекува сметката за јануари-февруари која ќе стигне за 10-тина дена да биде дури до шестпати повисока. Согласно овој тренд значи дека до месец јуни општината ќе „потоне“ во долгови и нема да може да ги реализира приоритетите на месните заедници, главните барања кои ги предвидовме во Буџетот на општината. По ова известување, сите се договоривме да почнеме да делуваме рационално, односно да го ставиме во прекин јавното осветлување во одреден период“, истакна Фатмир Дехари.
Дехари вели дека не го зголемил трошокот за улично осветлување и покрај поскапувањето.
„Владата на РСМ не го зголеми данокот согласно поскапувањето на електричната енергија за да ги покрие трошоците, поради тоа ние правиме ваков вид прекин“, додава Фатмир Дехари.