Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Киднапирана, врзана, качена во гепек, однесена во село Бразда - осомничените сведочеле за целиот тек на убиството на Вања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
istraga-vanja

Вања Ѓорчевска била киднапирана во влезот на зградата каде живеела. Осомничените сведочеле дека ја чекале откако добиле информации од организаторот Љупчо Палевски-Палчо, кој е во бегство. За Палчо пак, кажале дека информациите ги добил од таткото на Вања, извесен Александар. Вања била врзана и ставена во вреќа. Убиена е надвор од Скопје. Осомничените сведочеле и како го копале гробот.

„Утврдено е дека двете од лицата, кои биле со 'цитроенот', а откако претходната вечер ја добиле информацијата дека девојчето ќе биде само, го земаат од влезот на зградата, со врзани раце и нозе го ставаат во вреќа за спиење, го изнесуваат, ставаат во гепек. Пред 'цитроенот' има возило 'рено канго'. Однесено е на локација надвор од Скопје, а потоа е запалено возилото“, кажа Спасовски.

Убиството било извршено во атарот на село Бразда, Чучер Сандево.

— реклама —

Според истрагата, исказите покажале дека работите излегле од контрола бидејќи Вања се бара насекаде, па осомничените се решаваат да ја убијат, па да мислат на парите.

„Ние ги знаеме мотивите, од исказите на осомничените. Однапред кога се договарале, мотивите биле парите - да се земат пари од мајката на детето. Постапката за изнуда не почнала“, кажа Бубевски.

— реклама —

За таткото ќе се бара притвор.

— реклама —

„Досегашниот негов исказ во полиција јас кој го знам, не знам дали ќе се смени, сѐ уште таткото ги негира овие дејствија. Ние неговата инволвираност која сметаме дека е посредна, ја вадиме од контекстот на другите инволвирани во случајот, едното лице кажало дека сѐ ова го знае од контактот со таткото. Ќе се бара негово обезбедување, имаме основи на сомнение“, кажа обвинителот Гаврил Бубевски.

За цело време, Александар, таткото на Вања, бил со полицијата. Тој до вчера, не признал вина и негирал поврзаност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

palevski-obvineti-vanja

Апелација ја потврди доживотната пресуда за убиствата на Вања и Панче, на таткото Александар пак ќе му се суди

Македонија | пред 2 седмици

palco

(Видео) Адвокатот на Палчо бара одново да се суди убиството на Вања и Панче, па тврди дека тој е невин

Настани | пред 2 месеци

vanja-gjorcevski-aleksandar-

Таткото на Вања кажа дека се чувствува како заложник, Туфегџиќ го нападна Обвинителството: Токму затоа што нема докази треба да биде ослободен

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryceng4lkp9km01YFeyx6

Александар Ѓорчевски имал клучна улога во грабнувањето на Вања, тој пратил порака до девојчето кога се договарало грабнувањето, вели обвинителот

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања