Промени тема
Контакт

Ким Џонг Ун го смени министерот за одбрана: На негово место поставен нов генерал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
Kim-1

Северна Кореја го смени министерот за одбрана, Нo Кванг Чол, а на негово место е поставен Ким Сонг Ги, досегашен директор на Генералното политичко биро на Корејската народна армија.

— реклама —

Одлуката за смената била донесена на состанок со кој претседавал севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, објави државната агенција KCNA.

— реклама —

По разрешувањето од функцијата министер за одбрана, Но Кванг Чол е именуван за прв заменик-директор на Одделот за индустрија за муниција при Централниот комитет на владејачката Работничка партија на Кореја.

— реклама —

Новоназначениот министер Ким Сонг Ги досега ја извршувал функцијата директор на Генералното политичко биро на Корејската народна армија.

— реклама —

Смената доаѓа во рамки на промените во највисокиот воен и политички врв на Северна Кореја, но официјално не е соопштена причината поради која Но Кванг Чол е разрешен од функцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања