Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Кина ги отфрли тврдењата дека обучувала руски војници за војната во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryuidl2tpvr50v4M7V5Sd

Кина денеска категорично ги отфрли обвинувањата дека на нејзина територија биле обучувани руски војници за време на војната во Украина, оценувајќи дека таквите тврдења се целосно неосновани.

— реклама —

Реакцијата на Пекинг следува откако Германија побара објаснување по извештаите што, според Берлин, предизвикале сериозна загриженост во врска со наводната обука на руски војници во Кина.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, изјави дека кинескиот амбасадор во Германија, на барање на германската страна, неодамна одржал состанок со претставници на германското Министерство за надворешни работи, на кој биле разменети мислења за билатералните односи и други прашања од заеднички интерес.

— реклама —

Минатата недела германските власти го повикаа кинескиот амбасадор на итен разговор токму поради овие наводи.

— реклама —

„Таканаречените извештаи се неосновани и целосно измислени со цел да се оцрни Кина“, изјави Мао Нинг.

Таа повтори дека Кина и натаму има, како што рече, објективен и непристрасен став кон војната во Украина и останува посветена на политичко решавање на конфликтот преку мировни преговори.

„Германија треба објективно и рационално да гледа на ставот на Кина“, порача портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4r1bae2krivj7ZG8yTf

(Видео) Катастрофален земјотрес во Кина: Најмалку 16 загинати, стотици куќи урнати

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryaei88dofkepc9yZMMs6

(Видео) Тригодишно девојче во Кина висело од прозорец на 12. кат со главата заглавена во решетките – соседите го спасиле во последен момент

Свет | пред 2 дена

gradinka-2

Со токсична боја ја разубавувале храната во градинка, отруени повеќе од 200 деца и вработени во Кина

Свет | пред 6 дена

media-libraryftfkrff081p06rB97W2

Кина: Нашиот план за траен мир го поддржуваат повеќе од 130 држави

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања