Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес

Во живо Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Кина и Русија ја осудија одлуката за враќање на санкциите кон Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Iran

Кина и Русија денес остро ја осудија одлуката на Германија, Франција и Обединетото Кралство за активирање на механизмот за повторно воведување санкции против Иран. Пекинг ја оцени оваа мерка како „контрапродуктивна“, додека Москва предупреди на „непоправливи последици“.

— реклама —

Берлин, Лондон и Париз во Обединетите нации започнаа постапка која во рок од 30 дена може да доведе до обновување на меѓународните санкции против Техеран поради кршење на договорот од 2015 година, со кој требаше да се гарантира дека иранските нуклеарни активности ќе останат во цивилни рамки. Механизмот предвидува повторно стапување во сила на претходните санкции на Советот за безбедност, како што се ембаргото за оружје и мерките против ирански компании и поединци.

— реклама —
— реклама —

„Активирањето на овој механизам не е конструктивно и ќе му наштети на процесот на политичко и дипломатско решавање на иранското нуклеарно прашање“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Ѓиакун. Тој додаде дека Советот за безбедност треба да охрабри продолжување на дијалогот и преговорите, наместо да создава нова конфронтација што може да доведе до ескалација.

— реклама —

Руското Министерство за надворешни работи соопшти: „Ги повикуваме да се вразумат и да ги преиспитаат своите погрешни одлуки пред да предизвикаат непоправливи последици и нова трагедија.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Првиот пациент ја заврши терапијата со руската вакцина против рак, до крајот на 2027 година ќе ја примат уште 120 пациенти

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-library37kdmf2j0l4ieKAof6T

Русија остана без доволно бензин по украинските напади: Масовно увезува гориво и со понизок квалитет

Свет | пред 11 час

media-libraryf8pmo453iqos3UNqDnf

Руски напад врз пазар во Украина: Повредени 11 лица, меѓу нив и 11-годишно дете

Свет | пред 11 час

media-libraryachv131mr8uq3KqAzYD

Украина со масовни напади врз Русија, Москва тврди дека соборила 1.441 дрон

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања