Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Кина ја засилува потрагата по исчезнатите кај Ѓиронг, ќе испрати итна помош и за Непал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library9rdrrl87i5108rSVih5

Кинескиот претседател Си Џинпинг нареди да продолжат спасувачките операции по катастрофалното свлечиште што го погоди граничното подрачје кај Ѓиронг, јави Синхуа.

— реклама —

Си и други кинески лидери им одале почит на жртвите, а на состанокот било оценето дека досегашните спасувачки операции биле спроведени брзо, организирано и координирано.

— реклама —

Истовремено, кинеските власти предупредуваат дека потрагата е исклучително тешка поради студената клима, стрмните долини, променливото време, бројните глечери и глечерски езера, како и опасноста од нови геолошки инциденти.

Надлежните институции добиле налог да подготват научно засновани планови за пребарување и спасување и да вложат максимални напори за пронаоѓање на сите исчезнати, без разлика дали станува збор за кинески или странски државјани.

— реклама —

На состанокот било соопштено и дека Кина ќе испрати итна помош во подрачјата на Непал погодени од катастрофата и ќе учествува во меѓународната соработка околу спасувачките операции.

— реклама —

Кинеските власти нагласуваат дека, покрај потрагата по исчезнатите, приоритет остануваат и евакуацијата на населението, санацијата на последиците и спречувањето нови несреќи во погодениот планински регион.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym8ueng8dqo9teutAQAM

(Видео) Најмалку 14 загинати и 25 повредени во пожар во повеќекатна зграда во Кина

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryftfkrff081p06rB97W2

Кина ѝ се закани на Америка со контрамерки поради санкциите за кинески компании поврзани со Куба

Свет | пред 3 дена

media-libraryv3ckm3kqf3k3aaIP3Zg

Кина реагира на дополнителните давачки за пратките од платформи како „Шејн“ и „Тему“

Свет | пред 5 дена

media-library99b0lnchmgsmaHBtqB6

(Видео) Кинеска компанија ги искористи нередите во Париз за реклама на сигурносно стакло

Вирално | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања