Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кина одобри нов лек против лимфом, надеж за пациенти отпорни на терапија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
apteka-kvoti-lekovi

Кинеската национална администрација за медицински производи одобри нов иновативен лек против рак – рокбрутиниб, кој е наменет за третман на пациенти со лимфом кај кои болеста станала отпорна на постојните терапии.

— реклама —

Станува збор за таргетиран орален лек развиен од фармацевтската компанија „Лупенг Фармацевтикал“ од Гуангџоу, во јужната кинеска провинција Гуангдонг. Лекот делува така што се врзува за протеинот БТК, блокирајќи ги механизмите што им овозможуваат на канцерогените клетки да преживеат и да се размножуваат, со што предизвикува нивно уништување.

— реклама —

Според резултатите од клиничкото испитување во втора фаза, во кое учествувале 100 пациенти со лимфом отпорен на други видови терапија, кај околу 64 проценти било забележано значително намалување на туморот. Кај 23 пациенти туморот целосно исчезнал на радиолошките снимки, додека кај приближно половина од пациентите кои реагирале на терапијата позитивниот ефект траел повеќе од 16,5 месеци.

— реклама —

Од кинеската новинска агенција Синхуа наведуваат дека рокбрутиниб претставува нова можност за лекување на пациенти кои имаат ограничени терапевтски опции.

— реклама —

Воедно, Кина во текот на 2025 година одобрила вкупно 76 иновативни лекови, што претставува рекордно достигнување за фармацевтскиот сектор во земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym8ueng8dqo9teutAQAM

(Видео) Најмалку 14 загинати и 25 повредени во пожар во повеќекатна зграда во Кина

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryftfkrff081p06rB97W2

Кина ѝ се закани на Америка со контрамерки поради санкциите за кинески компании поврзани со Куба

Свет | пред 1 седмица

media-libraryv3ckm3kqf3k3aaIP3Zg

Кина реагира на дополнителните давачки за пратките од платформи како „Шејн“ и „Тему“

Свет | пред 1 седмица

media-library99b0lnchmgsmaHBtqB6

(Видео) Кинеска компанија ги искористи нередите во Париз за реклама на сигурносно стакло

Вирално | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања